Утрински Весник
Македонија

Во болницата во Козле 22 пациенти со Ковид-19, од кои двајца на кислородна поддршка, а две деца се во добра општа состојба

Скопје со најмногу активни случаи,  КОВИД центар и болницата Козле

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Дваесеттина пациенти се хоспитализирани во болницата на Козле, а вкупниот капацитет на болницата е 60-тина кревети со централен довод на кислорот, што е многу битно за третманот на овие пациенти, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на таа јавна здравствена установа.

Посочи дека болницата од пред неколку дена функционира како Центар во кој се лекуваат пациенти со Ковид-19.

– Ова е педијатриска установа, но со огромна експертиза на лекарите, медицинските сестри во третманот на пациенти со белодробни заболувања. Дополнет е кадарот со експетри, специјалисти по интерна медицина пред се од Клиничкиот центар во рамките на системот на ротација, потенцира Филипче.

Нагласи дека ќе продолжи секојдневното, но и долгорочното планирање на капацитетите за третман на овие пациенти и во следниот период, а предвидени се и други капацитети.

Според Филипче, засега нема зголемување на прититисокот кон јавно здравствените установи, во однос на тоа што било пред минатата недела.

– Модуларната болница кај Инфективната клиника е целосно испразнета. Таму во овој момент се поставува централен довод на кислорот. Капацитетот на Инфективната клиника не е целосно пополнет, има неколку слободни кревети. Во болниците ширум државата освен во Битола каде има неколку четири пет слободни места во другите инфективни одделенија капацитетите се полупразни, додаде Филипче.

Директорот на болницата во Козле, Ангелчо Андоновски рече дека дваесеттината пациенти хоспитализирани во таа здравствена установа се на возраст од 41 до 85 години. Посочи дека двајца од нив на кислородна поддршка.

– Имаме и две деца позитивни на Ковид-19, кои се во добра општа состојба, додаде д-р Андоновски. рп/лв/

Изјава на Венко Филипче

Posted by MИА.mk on Понеделник, 29 јуни 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ