Утрински Весник
Македонија

Еко Маало, дигитална друштвена игра за ЕЕ и ОИЕ на „Еко Логик“

Еко Маало, дигитална друштвена игра за ЕЕ и ОИЕ на „Еко Логик“

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Играта Еко Маало, која претставува прва образовна друштвена игра за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) изработена од Здружението на граѓани „Еко Логик“, од денеска достапна е на онлајн плаформа „Tabletopia“ и може да се користи на смарт уреди: аndroid и аpple, како и на компјутери.

-Целта на играта е да предизвика интерес за активности за сочувување на природата и преземање на акции, односно едукативната компонента е насочена кон енергетска ефикасност, здрави навики, забава во природа и во домот, велат од „Еко Логик“ и додаваат дека таргет група се граѓаните поголеми од 10 години.

Здружението на граѓани „Еко Логик“, во своето работење предвидува подобрување и унапредување на разни социјални проблеми и предизвици, преку теми што ги нема во редовната настава во училиштата, а се од огромна важност за морален, социјален, физички и еколошки развој на децата.

Во изминатите години на постоење, покрај останатите активности, здружението стана препознатливо и по поставување на едукативни друштвени игри кои имаат за цел преку интерактивен и забавен начин да ги зголемат знаењата на значајни теми како што се: енергетска ефикасност, животна средина, велосипедизам, градење на вредности, одржлив развој и сл.

Прилагодувајќи се на предизвиците на новото дигитално време, „Еко Логик“ започнува со дигитализација на игрите, со цел, како што велат, времето поминато на мобилните телефони и компјутери да биде квалитетно искористено.вј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФБИ алармираше, МВР реагираше: Спречен можен терористички напад во Тетово

Пронајдено оружје при претрес во тетовско, лишени од слобода две лица, едниот на интернет се заканувал дека ќе изврши масовно убиство 

Македонија првпат доби екстрадиција од Дубаи – осуденик вратен во земјата