Утрински Весник
Македонија

Во Скопје од денеска до петок терестрично прскање против комарци

Ќе се прска против комарци во Охрид и долж крајбрежјето на езерото

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – На подрачјето на Скопје од денеска до петок ќе се спроведува втората фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми и ларви од комарци.

Прес-службата на Град Скопје соопшти дека прскањето ќе се одвива во перидот од 22 до 03 часот.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри.

Од Град Скопје апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Странци ловат дивокози во Маврово и ја пијат крвта – „Еко-свест“ бара итен мораториум

По реакциите од ЕУ, ОБСЕ и Советот на Европа: Ново барање за разрешување на Китановиќ

Спасовски до директорот Гајдов: Кога се вработувавте се изјаснивте како Албанец, кога конкуриравте за директор како Македонец