Утрински Весник
Македонија

Во Скопје од денеска до петок терестрично прскање против комарци

Ќе се прска против комарци во Охрид и долж крајбрежјето на езерото

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – На подрачјето на Скопје од денеска до петок ќе се спроведува втората фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми и ларви од комарци.

Прес-службата на Град Скопје соопшти дека прскањето ќе се одвива во перидот од 22 до 03 часот.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри.

Од Град Скопје апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Божиновска: Цртежите на учениците со попреченост ќе ги красат електроенергетските ормани – прекрасни се, но уште повредна е приказната зад нив

Во Штип одбележан денот на Вториот пешадиски баталјон

Над 70 отсто од жалбите до Агенцијата за слободен пристап до информации се поради молк на администрацијата