Утрински Весник
Спорт

Вилијан за Челси: Можеби ќе заминам, можеби ќе останам

Челзи отфрли понуди од Барса и Атлетико за Вилијан

Лондон, 27 јуни 2020 (МИА) – Крилниот напаѓач на Челси, Вилијан призна дека сè уште не решил за својата иднина. Тековниот договор на 31-годишниот Бразилец истекува во август, откако тој се согласи да ја заврши сезоната со „сините“.

Медиумите на „Албион“ исто така информираат дека „сините“ се подготвени со понуда за нов договор, со кој Бразилецот ќе остане уште две сезони на „Стемфорд Бриџ“, но тој сака договор на три години. Јувентус покажува интерес за Вилијан.

– Сакам добро да ја завршам сезоната. Можеби ќе заминам, можеби ќе останам. Не знам што ќе се случи, но сега сакам да играм добро за да може Челзи да заврши во топ четири, рече Вилијан.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо