Утрински Весник
Македонија

Мицкоски тврди дека разговорот меѓу него и Милески е монтиран за потребите на СДСМ

Мицкоски тврди дека разговорот меѓу него и Милески е монтиран за потребите на СДСМ

Кочани, 27 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски ја потврдува автентичноста на разговорот меѓу него и и ЗоранМилески – Кичеец, што денеска беше објавен на Јутјуб, оценувајќи дека се работи за монтажа на актуелната власт.

-Тоа е само еден разговор, а се сечат и монтираат парчиња по потреба на СДСМ и Зоран Заев, мислат дека тоа ќе помогне нешто во нивната кампања за намалување на дебаклот што им следи. Јас сум го кажал тоа и во разговорот, дека кога ја преземав ВМРО-ДПМНЕ пред точно 30 месеци, партијата беше во незавидна финансиска ситуација, со блокиран имот од истата онаа судијка Димишкова која е сестра на оној адвокат Димишков, кој го слушавме како бара шест милиони евра од познат бизнисмен за да биде ослободен од притвор. Да, во тој момент имавме сериозни потешкотии, нешто слично претпоставувам како што ќе ја затекнеме државата после 15 јули. Останатиот дел од разговорот сум го коментирал и во минатото дека мора да има правда и право, но она вистинско, а не онакво какво што му одговара на СДСМ и Зоран Заев, истакна Мицковски.

Тој за МИА додаде дека забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за работата на СЈО не значеле барање начин Орце Камчев да се спаси од обвиненијата.

-ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се противело на работата на Специјалното јавно обвинителство, но и во минатото и сега ќе повторам, кога тоа беше оперативно имаше сериозни индиции за злупотреба и политичко влијание. Тоа се потврди преку она „Луј Витон“ куферче, преку оние разговори што минатото лето јавноста можеше да ги види. Всушност се потврдува на секојдневна основа дека еден од осудените во случајот „Рекет“ доби смртни закани, при што неговиот адвокат ги пренесе во јавноста, дека треба да молчи и да не кажува многу. Она што ние го знаеме, а се шушка гласно во кулоарите на Обвинителството, е дека Бојан Јовановски поднел неколку десетици кривични пријави против највисокото раководство на СДСМ и многу видни членови за злоупотреба, измама, криминал и корупција. Сепак, Обвинителството, вакво какво што е предводено од Вилма Русковска, тоа нема да го дозволи, истакна Мицковски.та/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме