Велес, 27 јуни 2020 (МИА) – По јавниот повик, неделава избран е најповолен изведувач за изградба на систем на водоснабдување на село Бузалково и на село Раштани од градскиот водоводен систем на Велес. Инвестицијата е со вкупна вредност од 29 милиони денари или безмалку 500 илјади евра, обезбедени од ЕИБ преку Министерството за транспорт и врски.
Како што информираат од Општина Велес, вкупната должина на системот е 10,1 километри.
– По завршување на рокот за поднесување жалби, наскоро изведувачот треба да започне со изградба. Со проектот селата Бузалково и Раштани ќе бидат поврзани со градската водоводна мрежа, со што ќе добијат чиста, квалитетна, безбедна и здрава вода за пиење, велат од Општина Велес.ад/са/