Утрински Весник
Македонија

Жителите на велешките села Раштани и Бузалково ќе  добијат здрава вода од градскиот водовод

Жителите на велешките села Раштани и Бузалково ќе  добијат здрава вода од градскиот водовод

Велес, 27 јуни 2020 (МИА) – По јавниот повик, неделава избран е најповолен изведувач за изградба на систем на водоснабдување на село Бузалково и на село Раштани од градскиот водоводен систем на Велес. Инвестицијата е со вкупна вредност од 29 милиони денари или безмалку 500 илјади евра, обезбедени од ЕИБ преку Министерството за транспорт и врски.

Како што информираат од Општина Велес, вкупната должина на системот е 10,1 километри.

– По завршување на рокот за поднесување жалби, наскоро изведувачот треба да започне со изградба. Со проектот селата Бузалково и Раштани ќе бидат поврзани со градската водоводна мрежа, со што  ќе добијат чиста, квалитетна, безбедна и здрава вода за пиење, велат од Општина Велес.ад/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка

Претреси во Штип и Скопје поради сомнежи за менување оценки на Универзитетот „Гоце Делчев“

Бугарија врати 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено присуство на пестициди