Утрински Весник
Македонија

Во Велес поради предизборната кампања нема да се делат хуманитарни пакети

Во Велес поради предизборната кампања нема да се делат хуманитарни пакети

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски по денешниот состанок со Општинскиот штаб за заштита и спасување ,на прес-конференција информира дека службите во Здравствениот дом во Велес функционираат вообичаено и без потешкотии, а државниот карантин, хотелот „Монтенегро” нема повеќе да ја има таа улога.

Toj информира дека  Општинската организација на Црвениот крст донеле одлука во овој период да нема делење на пакети со хуманитарна помош поради почеток на изборна кампања,

Одлуката ја донесовме со цел делењето  на хуманитарна помош  да не се протолкува погрешно и затоа сметаме дека треба да се заштитиме ние како Општински штаб и Општинска организацијата на Црвениот крст, а активностите за распределба на хуманитарна помош ќе мируваат,појасни Коцевски.

Според информацијата од ЈЗУ Центар за јавно здравје, денеска има двајца новозаразени и двајца оздравени. Вкупната бројка на заболени во Велес и велешко  досега изнесува 173 лица, од нив 131 се оздравени, 12 починати и 30 се сеуште активни. Од активните случаи, 18 се на домашно лекување, девет во Инфективното одделение во велешката болница, две лица во Инфективната клиника во Скопје и едно во приватна клиника. ад/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата донесе одлука за отворање Генерален конзулат во Корча, Албанија

Апасиев: Коцевски го изгуби легитимитетот – изгласана интерпелацијата поднесена од Левица

Владата по изгласаната интерпелација на Коцевски: Очекуваме оставка, правдата нема цена