Утрински Весник
Македонија

Вкупно 1270 ученици се запишаа во двата уписни рока во тетовските средни училишта

Во првиот уписен рок 56,8 проценти од пријавените полуматуранти исполниле услов за запишување со средно училиште во Тетово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тетово, 26 јуни 2020 (МИА) – Секторот за јавни дејности при општина Тетово инфомира дека во вториот уписен рок на 24 и 25 јуни во тетовските средни училишта се запишале 186 ученици, од кои 128 на настава на албански јазик и 58 на македонски јазик.  Севкупно во двата уписни рока се запишани 1270 или 64,8 отсто од учениците кои завршиле основно образование. 

-Вкупно има запишано 995 ученици во наставата на албански јазик (62,6 отсто од завршени основци на албански јазик), 264 на македонски наставен јазик  (77,4 отсто), и 11 на турски јазик (37,9 отсто).  Остануваат високите критериуми за упис во средните училишта,  истакна Ахмед Ќазими, раководител на општинскиот сектор за јавни дејности.

Основно училиште во тетовскиот регион завршиле 2060 деветоодделенци. Третиот уписен рок е во понеделник, 29 јуни. ас/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари