Утрински Весник
Македонија

Нова снимка на Youtube од средба на Мицкоски и Кичеец

Нова снимка на Youtube од средба на Мицкоски и Кичеец

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – На Јутуб каналот денеска излезе нова снимка од разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец.

На снимката се слуша како Мицкоски му вели на соговорникот дека треба да имаат директна комуникација, а не преку посредници на што Кичеец му вели дека тој е извршител и дека кога ќе му даде задача тој ќе ја изврши.

Зоран Милески-Кичеец, е осуден на три години затвор за предметот „Рекет“, во кој со првостепена пресуда се осудени и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13. бк/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот