Утрински Весник
Македонија

Во Кичево повредено едно лице од експлозија на плинска боца во возило

Еден загинат мигрант, еден вратен во камп, 11 во болница во Кавадарци по сообраќајката на автопатот Демир Капија-Неготино

Кичево, 25 јуни 2020 (МИА) – Во полициската станица во Кичево денеска во раните утрински часови околу 4:50 часот, пријавена е експлозија на плинска боца и самозапалување на патнички автомобил „Поло“ со кичевски регистарски ознаки, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Притоа, со изгореници се здобил возачот З.Р. (26) од Кичево, кој веднаш бил пренесен во Општата болница.

Пожарот во внатрешноста на автомобилот бил изгаснат од вработени во блиската бензиска постојка на улицата „11 октомври“ во Кичево, појасни Димоски. рз/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јовица Андовски е нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

„Ќе те ставиме во багажникот!“ – син на поранешен началник во МВР пријавил напад кај Хиподром

Хаџи Василева порача дека обвинителите мора да бидат заштитени од надворешни влијанија