Утрински Весник
Македонија

Две физички пресметки меѓу жени во Тетово

Две физички пресметки меѓу жени во Тетово

Тетово, 19 јуни 2020 (МИА) -Тетовската полиција бележи два случаи на физички пресметки меѓу жени. Првиот се случил вчера околу 10 часот и 10 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги привеле 28-годишната К.Т. од Скопје и 36-годишната Н.М. од Штип, кои го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе им се изготват поднесоци, соопшти СВР Тетово. 

Во текот на вчерашниот ден, М.Н.(27) од Тетово во СВР Тетово пријавила дека на 15-ти овој месец околу 23 часот и 30 минути, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, во близина на тетовско средно училиште, била физички нападната  од А.М.(23), исто така, од Тетово. ас/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија”

Филипче од Карбинци: Тотален колапс во земјоделството – нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени

Зајкова: Статус квото не е стратегија – потребна е обединета македонска позиција