Утрински Весник
Македонија

Хотелите на „Ресорт Маврово“ подготвени за прием на гости

Хотелите на „Ресорт Маврово“ подготвени за прием на гости

Гостивар, 19 јуни 2020 (МИА) – Трите хотели, сопственост на Ресорт Маврово, се целосно дезинфицирани и подготвени за прием на гости. Од раководството на компанијата уверуваат дека се преземени сите протоколи за безбеден престој и сместување.

– Подготвени сме да ги пречекаме сите гости кои сакаат да минат период в планина. Во насока на подготовка на нашите хотели (Хотел Бистра, Хотел Спорт, Хотел Лоџ) за прием на гости, ги исчистивме и дезинфициравме сите соби и простории со помош на компанијата Ecotip, вели Ален Омерагиќ, менаџерот на Ресорт Маврово.

Дезинфекцијата на просториите во хотелите е изведена со најсовремена технологија и со помош на паметниот генератор на озон Ozoair кој ги елиминира сите мириси, бактерии и вируси во воздухот.

Омерагиќ нагласува дека пред употребата на Ozoair-от направено е темелно чистење на сите плакари и фиоки со што се овозможува озонот стопроцентно да го дезинфицира просторот и претставува повисок стандард на хигиена од вообичаеното темелно чистење.

Ресорт Маврово пред две години, инвестираше во современа опрема за заснежување и правење вештачки снег, а во моментов се подговтвуваат за нови содржини за уживање во летниот период.

Компанијата покажа општествена одговорност и овозможи три хотели да се претворат во државен карантин за лицата кои преку организирани летови се враќаа во земјава и вработените се грижеа за нивниот престој. згм/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Девојка хоспитализирана по напад во Охрид, уапсен нејзиниот 31-годишен партнер

Реализирани превентивни кампањи „Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди” и „Користи зимска опрема“

Сашко Кедев во Гинис: На 63 години го заокружи искачувањето на сите 14 врвови над 8.000 местри