Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Предлог-одлуката за прераспределба на средствата од Буџетот на Општина Центар за 2020 година, согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот на буџетите за време на вонредна состојба, беше изгласана од страна на Советот на Општина Центар на вчерашната 48. седница.
Како што информира денеска Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ одговораше и на советнички прашања. На поставените прашања од страна на советниците во однос на преземените мерки на Општината за справување со кризата од КОВИД-19, градоначалникот, како што се наведува, ги информираше советниците дека од самиот почеток на пандемија се спроведени повеќе големи акции за дезинфекција на јавните површини, отворените детски и спортски игралишта, јавната урбана опрема и станбените згради. Дезинфекција на воспитно-образовните институции, полициските станици, скрининг тестирања за наставниот кадар, санизација на душеците во градинките и бесплатна заштина опрема за граѓаните и институците.
Богдановиќ ги извести советниците дека Центар е првата општина која креираше онлајн упис за првачињата и протокол за безбеден прием во основните училишта, отворени телефонски линии за обезбедување помош на возрасните лица и хуманитарни акции со поделени 30 тони храна за најранливите категории.
Со донацијата на нови велосипеди и велосипедската опрема за ПС – Центар, градоначалникот Богдановиќ најави дека ќе се овозможи зголемено присуство на полициските службеници на терен, со цел брза и ефекасна реакција по пријави од граѓаните на територијата на општината, како едно од поставените прашања од страна на советниците. Дополни дека почната е исплатата за средствата субвенционирани од проектот „Цел Центар на точак 2020“со исполнета квота во однос на сите доставени барања.
Советницте, како што се наведуав во соопштението, беа заинтересирани за капитални проекти предвидени во годишната програма на Општина Центар. Градоначалникот Саша Богдановиќ најави дека на почетокот на јули ќе се почне со долгоочекуваниот инфраструктурен проект на Општина Центар – реконструкција на улицата „Орце Николов“ која е една од најзначајните и најфреквентни улици, но и белег на Дебар Маало и Центар.
Реконструкцијата ќе се состои од: стеснување на коловозниот дел со задржување на двете ленти за возила, проширување на тротоарите согласно стандардите на урбано планирање, задржување на целиот постоен дрворед долж улицата, измена на режимот на сообраќај со воведување на т.н. каскадно паркирање со цел ослободување на тротоарите. Тој најави дека во пресрет на барањата на граѓаните и наскоро почнува реконструкцијата на улиците „Мирослав Крлежа“ и „Аминта Трети“, со што ќе обезбедиме побезбеден сообраќај и движење.
Советниците дискутирале и за уредување и реставрација на излозите и рекламите во Стара скопска чаршија, во согласност со Програмата за развој на туризмот за 2020 година. Градоначалникот најавил дека активности се веќе започнати. Богдановиќ го најавил и почеток на изградбата на новата градинка во населбата Пролет со 70 отсто самоодржливост и енергетска ефикасност, изградбата на монтажен паркинг во Дебар маало, кое ќе обезбеди нови 300 паркинг места и чија реализација е планирана за последниот квартал од годината. Го посочи максималниот напор за зазеленување на Центар со нови зелени катчиња во повеќе маала низ општината и дека во новите урбанистички планови се става посебен акцент на зеленилото, нови дрвореди, нови мали паркови и заштитни зеленила. мд/са/