Утрински Весник
Македонија

На градската водоводна мрежа во Велес продолжува замената на старите азбестноцементни со полиетиленски цевки

На градската водоводна мрежа во Велес продолжува замената на старите азбестноцементни со полиетиленски цевки
Dik 300x250 mk

Велес, 18 јуни 2020 (МИА) – Општина Велес со средства на ЈКП „Дервен” врши замена на старата азбестноцементна цевка на водоводната линија на улица „Крсте Мисирков”, во должина од 150 метри, со нова полиетиленска цевка (со пресек од 160 мм), со што ќе се спречи честото прскање на дотраените цевки и ќе се подобри квалитетот на водата.

Како што информираат од Општина Велес, со ова ќе се обезбеди безбедна и квалитетна вода за пиење.

– По завршување на реконструкцијата на водоводната линија, Општина Велес ќе издаде налог за реконструкција на дел од улицата на завршниот слој асфалт, најавуваат од Општина Велес.

Заради непречено одвивање на градежните работи, Општина Велес упатува апел до жителите кои гравитираат кон овој дел на градот за разбирање, внимателно движење и управување на моторните возила, како и за почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знaци од страна на службените лица. ад/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ермис Лафазановски, добитник на наградата „Оливера Николова”: Романот „Џинџуџе” е потрага по вистината, убавината и добрината

Кривична пријава за поранешна директорка на училиште во Куманово: Проневерила 130.000 денари

Сообраќајка на обиколницата кај Хиподром, голф излетал од коловозот