Утрински Весник
Македонија

Над велешкото езеро Младост во недела прва трка од Ендуро шампионатот за 2020

Над велешкото езеро Младост во недела прва трка  од Ендуро шампионатот за 2020

Велес 18 јуни 2020 (МИА) – Во организација на Мото клубот „Мото-Велес“ во соработка со Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМА) и Општина Велес во недела на 21 јуни со старт од 11 часот ќе се одржи првата трка од државниот Ендуро шампионат за 2020.

Како што информира за МИА Сашко Ванов од Мото клубот „Мото Велес“, најавени се  околу 50 учесници од мото клубовите во земјава,  кои ќе се натпреваруваат во класите  E1,E2,E3,i Veles Off Road за возачи аматери.

Тој појасни дека за време на трката тие ќе ги  спроведуваат препораките на Агенцијата за млади и спорт, но псочува дека сепак  се работи за индивидуален спорт каде  нема контакти меѓу возачите.

Во недела од 9-10 часот е пријавувањето за трката и техничкиот преглед. Стартот е во 11, а во 16 часот е предвидено да биде прогласувањето на победниците во сите класи и категории.
Како што информира Ванов, ќе се возат четири круга по 25 километри со еден ендуро тест во секој круг каде ќе се мери времето.ад/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!