Утрински Весник
Македонија

Наплив од џиновски печурки во Пијанец

Наплив од џиновски печурки во Пијанец

Делчево, 17 јуни 2020 (МИА) – Последните врнежи го преплавија Пијанечкиот регион со џиновски печурки. За неполни три дена трагачите по печрки пронајдоа три печурки со тежина од над еден килограм, при што најголемата пронајдена во овој регион е онаа на делчевецот Станко Поповски која тежеше 2, 2 килограми.

– Печурката ја пронајдов вчера утрото кај местото викано „Овча Глава“ во атарот на селото Тработивиште. Откако денот го поминав во собирање печурки, вечерта ја однесов за откуп и на мое изненадување и изненадување на откупувачите, истата на кантарот покажа 2,2 килограми, што е најголема печурка пронајдена во Пијанец годинава. За неа зедов околу 400 денари, што навистина ме исполни со радост, бидејки ретко наоѓам толку големи печурки, истакна Поповски.
Во текот на денешниот ден како што информираше откупувалот Трајчо Гоцевски рекордот на пронајдена печурка од сортата „вргањ“ изнесува 1,7 килограм.
-Печурката ја порнајде младиот Матеј кој заедно со родителите редовно собира печурки. Истата исто така е од сортата „вргањ“ и е една од поголемите пронајдени за време на овогодишната сезона. Освен оава деновиве имаме печурки со сличан големина што е доказ дека годинава оваа гранка е доста доходовна, рече Гоцевски.
Од откупувачките центри додаваат дека после вчерашните и денешните врнежи се очекува уште поголем наплив од печурки чија цена достигнува од 120 до 150 денари за килограм. вс/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија