Утрински Весник
Македонија

Ципрас: Докажавме дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени

Ципрас: Докажавме дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени

Атина, 17 јуни 2020 (МИА) – Докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува лидерот на СИРИЗА и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на неговиот официјален „Фејсбук“ профил по повод две годишнината од Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

-Пред две години се сретнавме во Преспа, онаму каде што низ историјата поминаа победници и поразени, триумфатори и трагични херои. Им се обративме на нашите народи, на народите од Балканот кои се бореа за слобода, но беа измачувани и се измачуваат од отровот на националистичката омраза, на меѓународните конфликти и братоубиствените војни. И докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува Ципрас.

Πριν δύο χρόνια συναντηθήκαμε στις Πρέσπες που στο διάβα της ιστορίας διέσχισαν νικητές και ηττημένοι, θριαμβευτές και…

Posted by Alexis Tsipras on Среда, 17 јуни 2020

Во неговата објава, Ципрас ја коментира и позицијата на актуелната грчка Влада, која како опозиција беше против Договорот од Преспа, истакнувајќи дека „историјата им оддава чест на оние кои што ја пишуваат, а не на оние кои се влечат зад неа“.

-Грција се најде на правилната страна на историјата. Тоа го покажуваат во пракса дури и оние кои се бореа против договорот. Оние кои говореа за „предавства“ и „национални отстапки“. Оние кои чекореа заедно со националистите и златнозорците. Истите оние кои денес говорат со најдобри зборови за односите на земјата со Северна Македонија и улогата на земјата во заживувањето на европската перспектив на Западен Балкан, во најтешкиот момент. Историјата им оддава чест на оние кои што ја пишуваат, а не на оние кои се влечат зад неа, напиша Ципрас на „Фејсбук“. ср/нд/



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи