Утрински Весник
Македонија

Филипче: Да се почитуваат мерките за заштита за да може здравствените работници да здивнат

Почнува олабавувањето на рестриктивните мерки, состојбата со коронавирусот во земјава стабилна

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Знам дека дел од здравствените работници се изморени, на крајот од силите. Верувам дека ќе направиме се да се обезбеди поддршка, што веќе и го правиме во овие денови. Од Министерството за здравство ќе се мобилизираат апсолутно сите ресурси во здравствениот систем, за да се надмине оваа криза, рече на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Здравствените работници, посочи министерот, буквално не се прибрани дома со месеци, изложени се на голем ризик, на долги смени, работат за да го спасат секој живот, и ова како граѓани сите ние мора да го почитуваме.

Потенцира дека секој граѓанин може и да помогне тоа да го прави со следење на едноставните три препораки, маска, дистанца и дезинфекција.

– Ова не е големо барање, ќе помогне да има помалку дијагностицирани и некој пациент повеќе да си оди дома од болничките установи. Ве молам да се почитуваат овие мерки, за да може здравствените работници да здивнат, да се ослободат од притисокот, заради тоа што тоа е единствениот начин да ставиме крај на оваа криза, додаде Филипче. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со специјално возило пресретнувач санкциониран возач кој возел со 179 км/ч на пат каде е дозволено 80 км/ч

Градежното вештачење за „Пулс“ покажало дека не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите

Реномирано меѓународно жири ќе одлучува за наградите од официјалната селекција на филмскиот фестивал „Преку езерото“