Утрински Весник
Македонија

Радовишани делеле „правда“ со тупаници пред зградата на Судот

Радовишани делеле „правда“ со тупаници пред зградата на Судот

Струмица, 16 јуни 2020 (МИА) – По одложен судски спор во Основниот суд во Радовиш две групи од по пет лица продолжиле да делат „правда“ со тупаници пред судската зграда, информираат од СВР-Струмица.

– Вчера околу 09:20 часот било пријавено дека пред Основен суд во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.И.(23), А.И.(29), А.И.(44), Р.И.(42) и Е.Ј.(48), од една страна и А.Ш.(22), Н.Н.(41), Е.Н.(28), И.Н.(66) и У.Н.(17), од друга страна, сите од Радовиш, стои во информацијата на полицијата.

Се додава дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. рт/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штерјова: ОЈО да отвори истрага, има ли одлука на Собранието на Лотарија за лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра 

Стружанец починал по пад во ископ за бунар

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица