Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Почна изградбата на канализациска мрежа на дел од „Никола Тесла“ во Куманово

Почна изградбата на канализациска мрежа на дел од „Никола Тесла“ во Куманово
Img 7972

Куманово, 16 јуни 2020 (МИА) – Почна изградбата на канализациска мрежа на два крака од улицата „Никола Тесла“ во Куманово.

Како што информираа денеска од Одделението за комунални дејности во Општината, жителите на овие две улици, по повеќе години ќе добијат канализациска мрежа.

– Завршена е тендерската постапка, фирмата „Коп Инжинеринг“ од Студеничани – Скопје ќе ги извршува активностите на терен. За изградба на мрежата на двата крака во должина од 155 метри, одвоени се 1.281.688 денари, изјави помошникот раководител на Одделението, Момчило Јовановски.

Надлежните очекуваат изградбата на мрежата да заврши до средината на идната недела.

На почетокот од месецов почна реконструкцијата на фекалната канализација во кумановската населба Средорек, која опфаќа 241 метар, за што се одвоени се 2,1 милион денари. ам/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Виз Ер со нова авиолинија, од скопскиот аеродром до Штутгарт, открија од ТАВ Македонија

Познато кога почнува исплатата на покачените пензии за септември

УЈП ги проверува инспекторите кои ги предупредувале газдите на „Пулс“ за можни контроли во замена за подароци