Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Со консензусот за изборите се избегна политичка криза

Демант од ДУИ

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Демократската унија за интеграција (ДУИ) го поздрави постигнатиот консензус после интензивните консултации помеѓу политичките партии, со што, како што пишуваат во соопштението, се избегна политичката криза по здравствената и економската.

– Консензусот, јавното здравје и избегнување на длабоката политичка криза беше нашиот конзистентен став, затоа што одржувањето на изборите без консензус ќе ја влошеше ситуацијата до недоглед. Консензусот е нашето базично начело на функционирање на нашето мултиетничко општество затоа што го избегнува надгласувањето и маргинализацијата, додека во овој случај помага и во спречување на
политичката криза, се наведува во соопштението од ДУИ.

Од партијата ги повикуваат државните институции да ги подготват сите протоколи за максимална заштита на здравјето на граѓаните за време на изборната кампања, а политичките партии доследно да ги почитуваат.

ДУИ исто така изразува благодарност до меѓународните партнери за нивниот конструктивен ангажман за време на постигнувањето на консензусот, се посочува во соопштението од партијата. ев/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Клековски и Мемишоглу потпишаа меморандум за соработка во здравството меѓу Македонија и Турција

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

Уапсени 13 лица, пронајдени и одземени марихуана, прашкасти материи и таблети