Утрински Весник
Македонија

Единаесет лица со Ковид-19 се хоспитализирани на инфективно одделение во Клиничката болница во Тетово

Единаесет лица со Ковид-19 се хоспитализирани на инфективно одделение во Клиничката болница во Тетово

Тетово, 15 јуни 2020 (МИА) – Во Тетовската клиничка болница во моментот се хоспитализирани 11 лица со Ковид-19 на инфективното одделение, а Кризниот штаб на општина Тетово оценува дека капацитетите на оваа здравствена установа се задоволителни. Инфективното одделение има седум инфектолози и 70 кревети.

-Според бројот на лекари, седум инфектолози кои се на работни задачи со нивните тимови во однос на екипираност сме добри, како и со простор со можностите за кислородона поддршка кои се сметаа за базични капацитети на една болница за справување со Ковид-19.  Ако има потреба за проширување има технички решенија во самиот момент да се прошири капацитетот за уште 70 легла, истакна градоначалничката Теута Арифи по состанокот на Кризниот штаб.

Според неа, болницата нема потреба од помош, но и нема можност да испрати некого во Скопје.

-Тетово не е во ситуација да се најде на помош на другите. Ако ја држиме ситуацијата под контрола во инфективното оддление во болницата сметам дека е завршена голема работа, истакна Арифи.

Тетовскиот регион денеска бележи починато лице од Ковид-19 на 65 години во Клиничката болница хоспитализирано на 6 јуни. Вкупниот број на дијагностицирани е 430, од кои се излекувале 144 лица, а 28 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и петте околни општини е 258. ас/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче

Мицкоски: Наскоро ќе видите како се прислушувало последните години, ќе се згрозите