Утрински Весник
Македонија

Засадени нови дрвја во рамки на спортскиот центар во Карпош 3

Засадени нови дрвја во рамки на спортскиот центар во Карпош 3

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Вкупно 20 високо квалитетни дрвја засадија денеска комуналните служби на Општина Карпош, во рамки на зелениот и спортско-рекреативен центар, кој е во процес на реализација и се наоѓа во состав на училиштето „Лазо Трповски“ во Карпош 3.

Како што соопшти денеска Општината, дрвјата се од видот јасен, јавор, како и иглолисни, односно зимзелени стебла. Станува збор за повеќегодишни насади кои достигнуваат висина над три метри.

– Раззеленувањето на дворот е најавено уште од моментот кога почна изведбата на спортските игралишта за кошарка, мал фудбал, сервис и ракомет. Во оваа зелена и спортско-рекреативна зона веќе е завршено детското игралиште, а ќе започне и поставувањето на опремата за фитнес зона, соопштија општинските власти.

Оттаму посочуваат дека за поефикасно одржување на зеленилото ќе биде поставен и систем за наводнување.

– Локалната самоуправа продолжува да развива маалски центри во секоја населба. Станува збор за места кои овозможуваат спорт, рекреација и дружба за сите граѓани, се наведува во соопштението на Општина Карпош. бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија е заеднички дом на сите нејзини граѓани

Кумановец им помагал на граѓани да вадат пари од банкомат па дел од кешот си го земал за себе

Мисајловски најави десет процентно зголемување на платите во Армијата и одбраната