Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Продолжуваме со барање решенија за изборите

Соопштение од СДСМ

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Нашите напори се Северна Македонија итно да излезе од оваа институционална криза, а тоа значи избори час поскоро, за да добиеме целосно функционални Собрание и Влада, информираат од владејачката СДСМ по најавите дека е можен договор за датум за парламентарните избори со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Продолжуваме со барање решенија ова да се реализира на најбрз можен и целосно демократски начин, потенцираат од СДСМ.

Официјални информации за разгворите помеѓу двете партии нема. Само се знае дека има комуникација меѓу нив и дека се очекува до крајот на денот или утре да има некаков исход.

Во меѓувреме, роковите за парламентарни избори на 5 јули течат. ев/ац/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Културната дипломатија е незаменлив дијалог, и во мир, и во криза

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки