Утрински Весник
Македонија

Се уредува ентериерот и екстериерот во пехчевската библиотека „Кочо Рацин”

Се уредува ентериерот и екстериерот во пехчевската библиотека „Кочо Рацин”

Пехчево, 14 јуни 2020 (МИА) – Во тек е реновирање на просторот во матичната библиотека „Кочо Рацин” во Пехчево. Според информациите од директорката Габриела Костадинова, освен реновирањето на просторот, ќе се уредува и досегашната помошна просторија која ќе биде наменета за канцеларија на вработените во библиотеката.
-Реновирањето се врши со средства обезбедени од општината и библиотеката, во чии рамки освен гореспоменатите активности, набавени се и нови полици за книгите. Реновирањето оди со брза динамика, што значи дека библиотеката наскоро ќе добие нов лик, вели Костадинова.
Пехчевскиот градоначалник Драган Тренчовски, кој изврши увид во работите, додаде дека просторот ќе биде целосно модернизиран, а воедно за корисниците ќе биде олеснет пристапот до потребните информации.
-Со оваа активност очекувам библиотеката „Кочо Рацин” да добие модернизиран ентериер и екстериер, подобра функционалност и полесен пристап до потребните податоци и информации за корисниците, истакна Тренчовски.
Од библиотеката додаваат дека истата располага со околу 20 илјади наслови на македонски, но и на повеќе други јазици меѓу кои српскиот, хрватскиот, романскиот, ромскиот и албанскиот. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во прекин патниот правец с.Пирава – с.Јосиво, Валандовско

Прв панел од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“

Сончево и топло, до 38 степени