Утрински Весник
Спорт

Инзаги: Малку сум лут на Кристијано и Меси

Инзаги разочаран: Ништо ново кај Милан

Рим, 12 јуни 2020 (МИА) – Легендарниот напаѓач и актуелен тренер на Беневенто, Филипо Инзаги го коментираше обновувањето на фудбалската сезона во Италија, вечерашниот натпревар помеѓу Јувентус и Милан, како и суперesвездата на „бјанконерите“, Кристијано Роналдо.

– Јас сум многу среќен и возбуден од враќањето на натпреварите. Може фудбалот да ни донесе мир на умот. Во најлош случај, кога имаше многу смртни случаи секој ден, никој не сакаше да игра фудбал. Единствениот услов беше да се молиме и да веруваме. Се надевам дека ова драматично искуство ги спушти сите на земјата, дури и оние во нашиот свет, намалувајќи одредени апсурдни бројки. Време е да се рестартираме и да правиме сè почовечко и понормално, вели Изнаги.

Италијанецот вели дека не може да дочека да го вклучи телевизорот и да го гледа дуелот Јувентус – Милан од Купот.

– Жал ми е што нема да има конкуренција помеѓу Роналдо и Ибра. Дали очекував Кристијано да стане ваков стрелец? Можеби не е толку исклучително. Го давам како пример во мојата соблекувална, бидејќи го знам начинот на кој тој тренира. Но, јас сум малку лут на него и Меси. Поради нив, изгледа дека Раул и јас малку сме бележеле на европските турнири, изјави Инзаги за „Газета дело спорт“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари