Утрински Весник
Македонија

Породилното отсуство ќе биде продолжено до 31 јули

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Породилното отсуство ќе биде продолжено до 31 јули, а скринингот на градинките сè уште трае, но ќе заврши за кратко време, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери изјави дека што се однесува до главниот град Скопје, скринигот на вработените во градинките по пауза од три дена, продолжил денеска.

-Поради растот на случаите со Ковид-19 повеќе се посветивме на случаите кои беа поургентни и лица со хронични болести и што побрзо откривање на нивните резултати кои на крај испаднаа позитивни, рече Зибери.

Ќе се тестираат околу 2.000 лица вработени во градинките, а досега се тестирани 1.667, како и 545 вработени од домовите за стари лица. ев/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина