Утрински Весник
Македонија

Приведено лице во „Ѓорче Петров“ за навреда на полицајци

МВР Билтен

Скопје, 6 јуни 2020 (МИА) – Полицијата привела алкохолизирано лице во скопската населба Ѓорче Петров кое ги навредувало и омаловажувало униформираните службеници кои  на пријава на граѓани го предупредиле за нарушување на јавниот ред и мир.

Како што соопшти МВР,  полициските службеници постапувале по пријава на граѓани за нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика.

-При преземање на активности, полициски службеници биле навредувани и омаловажувани од лицето К.Ј., кое било под дејство на алкохол. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЛДП: Владата транспарентно да објави сѐ за мисијата на Фетаи во Брисел

31-годишен Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа во Италија

Мицкоски објави фотографија со државниот секретар на САД Рубио