Гостивар, 5 јуни 2020 (МИА) – Верниците треба да бидат внимателни, бидејќи ова е тешка и сериозна болест и со своето однесување да придонесат во грижата за здравјето и заштита од болеста, порача Шаќир ефенди Фетаху вршителот на должноста поглавар на ИВЗ во Македонија во оценката за пандемијата.
Гостиварскиот муфтија Шаќир ефенди Фетаху кој од скоро е на чело на ИВЗ, пред петочната молитва во Саат Џамијата во Гостивар упати порака во која бара поголема одговорност од верниците за време на пандемијата.
– Сите верници треба да бидат внимателни и нивната сериозност да придонесат во заштитата како лична така и на семејствата и воопшто на целото општество. Оваа болест е тешка и заразна и нема игра со неа. Сите ние со нашиот однос треба да помогнеме во нејзино елиминирање. Затоа и упативме апел за поголема серизоност и преупредивме дека состојбата не е надмината, изјави Шаќир ефенди Фетаху.
Гостиварскиот муфтија денеска дојде за прв пат дојде на молитва во Саат Џамијата откако е назначен за вд поглавар на ИВЗ.
Вчера во соопштение до верниците, гостиварското муфтиство дозволи молитви и препорача тие да се завршат пред почеток на полицискиот час и со препорачаната заштита од здравствените власти. згм/ац/