Утрински Весник
Македонија

Педесетти ден во Дебар нема новозаразени со коронавирус

Со физички напад нарушен јавниот ред и мир во Дебар
Dik 300x250 mk

Дебар, 4 јуни 2020 (МИА) – Денешните официјални податоци за состојбата со Ковид-19 потврдуваат дека и во последното деноноќие во Дебар нема новозаразени, што е 50-ти ден по ред.

Во оваа општина, која беше првото жариште на опасниот вирус и која еден месец беше во карантин, заедно со соседната општина Центар Жупа, бројката на заразени останува 51, од нив двајца од општина Центар Жупа. Од вкупната бројка 47 се излекувани, додека четворица починаа.

И покрај тоа од општинскиот оперативен штаб го повторија апелот граѓаните и деловните објекти строго да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на опасниот вирус, зашто како што додаваат „тој сè уште е меѓу нас“.

Во исто време ги замолуваат граѓаните доколку имаат симптоми, како што е висока телесна температура, кашлица, грозница, да се јават во Работната единица за јавно здравје за да им биде земен брис.

Треба да се нагласи фактот дека и во двете општини и понатаму нема меѓусебни посети меѓу роднини, пријатели и соседи, големите празници Велигден и Рамазан Бајрам минаа без вообичаените посети а и ифтарските вечери за време на светиот месец Рамазан беа само во кругот на семејствата.вт/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР опомена 150 граѓани кои зборувале на телефон додека поминувале на пешачки

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид

ВЛЕН: Неуспехот не може да се рекалибрира, ДУИ/НАИ се затворено поглавје!