Утрински Весник
Македонија

Разубавена улицата на Тоше во Крушево

Разубавена улицата на Тоше во Крушево
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Крушево, 3 јуни 2020 (МИА) – Во Крушево продолжува уредувањето и разубавувањето на улицата на Тоше во центарот на градот. Голем број волонтерки од Црвен крст и други крушевски здруженија, дел од Платформата за развој на туризмот, продолжуваат со работа на „Улицата на Тоше“.

Според градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, посебен шарм на улицата и дава што се слушаат песните на Тоше Проески.

– Улицата изгледа прекрасно. Богата е со цвеќиња и „зачинета“ е со песните на Тоше. Продолжуваме со работа и убавиот изглед е заслуга најмногу на волонтерите кои работат со наша асистенција. Апелирам до моите сограѓани ова да го чуваме и да го одржуваме заедно,  и улицата на нашиот Тоше да биде најубавата во Крушево, вели Христоски.ем/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УХМР: Од среда расчистување на маглата

Зголемен број случаи на грип во Македонија

Сточарите и земјоделците на раб на опстанок – најавени протести