Утрински Весник
Македонија

Онлајн дисусија за влијанието на пандемијата врз транспортната и комуникациска стратегија на земјата

Онлајн дисусија за влијанието на пандемијата врз транспортната и комуникациска стратегија на земјата

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Во рамки на серијалот Корона дијалози кои опфаќаат повеќе онлајн дискусии за влијанието на пандемијата врз општественото живеење и секојдневните текови, вечер ќе се одржи петтата дискусија на тема „Влијанието на пандемијата врз транспортната и комуникациска стратегија на Република Северна Македонија- нови регионални, глобални предизвици и потреби“.

Говорници ќе бидат: министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, д-р Томислав Тунтев, директор на Агенција за цивилна воздушна пловидба, проф. д-р Верица Данчевска и проф. д-р Јасмина Буневска Талевска одТехничкиот факултет- Битола, проф. д-р Зоран Кракутовски од Градежниот факултет Скопје, а дебатата ќе ја води проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор на УКЛО.

Колку пандемијата ќе придонесе кон промена на стратегијата каде се дефинирани насоките и конкретни правци за идните инвестицски планирања во делот на целокупната транспортна инфраструктура и развојот на севкупниот транспортен систем во Република Северна Македонија е едно од прашањата кое ќе се отвори.

Во функција на новонастаната ситуација и оддржување на духот и мотивот кај студентите и професорите на Универзитетите, се оддржува серијалот на активности во овој период со кој непосредно се остварува влијание во справувањето со новите предизвици и креирањето на јавните политики чија промена е нужна. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата