Рим, 2 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина,се надева дека во јули италијанските навивачи би можеле да се вратат на стадионите.
Претходно, италијанскиот шампионат беше прекинат поради пандемијата на коронавирус.
– Дали навивачите ќе се вратат на стадионите во јули? Ова е она што навистина го сакам. Со оглед на сите преземени мерки на претпазливост, не е невозможно е да се сместат одреден број на луѓе на стадионите кои имаат капацитет од 60 или 80 илјади гледачи, изјави Гравина.
Италијанската Серија А ќе продолжи на 20 јуни. зс/