Утрински Весник
Спорт

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација се надева дека навивачите ќе се вратат на стадионите во јули

Шефот на италијанскиот фудбал: Новата сезона нема да започне доколку претходно не заврши старата

Рим, 2 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина,се надева дека во јули италијанските навивачи би можеле да се вратат на стадионите.

Претходно, италијанскиот шампионат беше прекинат поради пандемијата на коронавирус.

– Дали навивачите ќе се вратат на стадионите во јули? Ова е она што навистина го сакам. Со оглед на сите преземени мерки на претпазливост, не е невозможно е да се сместат одреден број на луѓе на стадионите кои имаат капацитет од 60 или 80 илјади гледачи, изјави Гравина.

Италијанската Серија А ќе продолжи на 20 јуни. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата