Утрински Весник
Македонија

Седумгодишник паднал од тераса во Кавадарци, пренесен на скопските клиники

Седумгодишник паднал од тераса во Кавадарци, пренесен на скопските клиники

Кавадарци, 2 јуни 2020 (МИА) – Седумгодишник паднал од тераса вчера во Кавадарци, пренесен бил на скопските клиники, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Несреќата била пријавена во 14:00 часот во Полициската станица Кавадарци. Според пријавата, незгодата се случила на улицата ,,Браќа Џунови“.

Детето паднало од терасата на куќата во која живее. Поради повредите, било  пренесено во  комплексот  клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. свд/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато