Утрински Весник
Македонија

Во самоизолација и директорот на Финансиска полиција

Во самоизолација и директорот на Финансиска полиција

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми е во самоизолација, поради тоа што бил во контакт со пратеникот од СДСМ, Мухамет Зекири.

-Би сакал да ве информирам дека деновиве имав средба со г.Мухамет Зекири пред да излезе позитив на тестирањето на Ковид 19. Од тие причини истиот ден одлучив да се самоизолирам согласно сите протоколи препорачани од надлежните институции, напиша Муареми на неговиот Фејсбук профил.

Истакна дека нема никави симптоми и оти во текот на оваа недела ќе биде тестиран од Институтот за јавно здравје.

-На Мухамет Зекири заедно со фамилијата му посакувам што побрзо оздравување, додаде Муареми во неговиот Фејсбук статус. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара 

Трипуновски од Росоман: Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор 

Шерифовиќ објави албум со детски песни една му посвети на нејзиниот син