Утрински Весник
Македонија

Во Кичево четворица кои имале контакт со заразеното лице со коронавирус се негативни

Во Кичево четворица кои имале контакт со заразеното лице со коронавирус се негативни

Кичево, 31 мај 2020 (МИА) – Резултатите на четири лица, меѓу кои и тројца членови на семејството и колешка на лицето заразено со КОВИД – 19 од Кичево, се негативни, соопшти Институтот за јавно здравје од Битола.

Тестираните лица биле во постојана комуникација со заразениот пациент и постоeшe сомневање за ширење на коронавирус, но за среќа резултатите покажуваат дека не треба да имаме загриженост за други заразени лица во Кичево, барем до овие моменти.

Кризниот штаб во Општина Кичево останува во ставот и апелира до граѓаните континуирано да ги почитуваат упатствата и протоколите за однесување за време на пандемијата. рз/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

По вчерашната меѓунардона акција притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

ДУИ: Јаневска ги нарекува Албанците „мала заедница“ на понижувањето му нема крај

СДСМ: Отпуштање наставници и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО