Утрински Весник
Македонија

Обвинувањата на НСП за висината на сумата за ремените е неточна информација, тврди Чулев

Обвинувањата на НСП за висината на сумата за ремените е неточна информација, тврди Чулев

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев коментирајќи ги денешните обвинувања од Независниот синдикат на полицијата дека биле набавени 600 ремени за сума од 300 илјади евра рече дека се работи за неточна информација.

– Нека проверат сите медиуми и јавноста, сите набавки се јавни. Ние и писмено ќе ви доставиме доколку побарате. Се работи за потреба дискутирана на координативното тело, со уредба на Владата се скрати приправничкиот стаж заради потребата од зголемен обем на работа на околу 600 приправници имаме недостаток од опрема, вклучително и ремени, така да таа потреба е дискутирана на координатгивното тело и одобрена, а во однос на висината на цената тоа е јавна информација што во секој момент може да се види, рече Чулев на денешната прес-конференција. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Завршува конкурсот за прием во студентски домови за студентите од втора до шеста година и апсолвенти

Во прекин патниот правец с.Пирава – с.Јосиво, Валандовско

Прв панел од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“