Утрински Весник
Спорт

Сезоната во НБА може да продолжи во август

Предлагаат 50 отсто намалување на платите во НБА

Вашингтон, 27 мај 2020 (МИА) – Според инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, сезоната во НБА лигата може да продолжи во август, а не во јули како што се сметаше претходно.

На 28 мај раководството на лигата ќе одржи состанок со генералните раководители на тимовите, а на 29 мај ќе се одржи состанок на Управниот одбор.

Во петок, можеме да се очекува препорака за враќање во процесот на тренинзи.

Сезоната е прекината во март поради пандемијата на коронавирус. НБА лигата има намера да ги одржи преостанатите натпревари во Светскиот центар за рекреација Волт Дизни во Флорида. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години