Утрински Весник
Македонија

Кривична против кавадарчанец поради лихварство

Стабилноста на денарот е загарантирана, тврдат актуелниот и претходни гувернери и меѓународни институции

Кавадарци, 27 мај 2020 (МИА) – Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична  пријава против М.Ф.(65) поради основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по чл.260 од Кривичниот законик на РСМ.

– Пријавениот на 25 јануари 2020 на лицето Х.С.(44) од Кавадарци му дал пари на заем со цел да се стекне со несразмерна имотна корист. За 30.000 денари му барал камата од 12.000 денари месечно, а досега наплатил околу 20.000 денари како камата, а на 22 мај 2020 му барал уште 16.000 денари, појасни Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. свд/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Марјановиќ: Довербата во онкологијата е урната – пациентите бараат дополнителни проверки и анализи

Велев: Пациенти со дијабетес со месеци без терапија и сензори!

Марјановиќ: Онкологијата во хаос – нема регистар, нема систем, пациентите оставени сами на себе