Утрински Весник
Македонија

93 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје

93 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје

Во текот на вчерашниот ден (16.5.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 93 возачи. Од нив, 41 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, 28 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш