Утрински Весник
Македонија

786 казни за брзо возење на територија на цела држава

59 санкционирани возачи на автопатот Гевгелија – Куманово

Казни за 786 возила на територијата на цела држава поради возење над дозволената брзина, информираат од министерството за внатрешни работи.

Од нив, 85 возила се движеле со брзина над 50 километри на час, повеќе од дозволеното, а 24 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови велат од МВР.

Од таму апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност на патот.

Можете да прочитате

Мицкоски за македонската интеграција во ЕУ: „Колку економски посилна е мојата земја, толку поотпорен ќе биде источниот и јужниот фронт на НАТО“

Во Морани уапсен осуденик од Студеничани, сакал да ѝ побегне на полицијата

ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје- Блаце бил подготвен, финансиран и процесуиран уште во време кога бевме на власт