Утрински Весник
Свет

Околу 480 мигранти запрени во Средоземно Mоре и вратени во Либија

Околу 480 мигранти запрени во Средоземно Mоре и вратени во Либија

Околу 480 мигранти на пат кон Европа за време на викендот беа запрени во Средоземното Mоре крај либискиот брег, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Во саботата 310 мигранти биле вратени во Либија, а 173 во неделата.

Според податоците на ИОМ, годинава 4.500 мигранти биле спасени на Средоземно Море и вратени во Либија.

Агенциите на ООН и хуманитарните организации се против тоа мигрантите спасени на море да бидат задржани во центрите во Либија, каде што состојбата е многу лоша.

Можете да прочитате

Закани од Хутите до Вашингтон: Следува брз и болен одговор доколку САД се вмешаат во Јемен

Американски сенатори бараат од Трамп да се откаже од увозот на руски дизел

Фараж најави замрзнување на постапките за азил до пет години ако неговата партија победи на изборите