Утрински Весник
Македонија

766 ковид-пациенти се лекуваат во болниците низ земјата

Во скопските ковид-центри хоспитализирани уште 48 лица, деновиве почнува прием и на Клиниката за уво, нос и грло

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 766 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 426 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 55 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 53, во ковид-центарот во Гостивар 16, а во Струга 28 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на вирусот“, посочуваат од ресорното министерство од каде додаваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

СДСМ: Што е со 5 тони дрога, што е со 100 тони што се запленети пред камери

Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку Богородица