Утрински Весник
Македонија

763 ковид-пациенти се лекуваат во болниците низ земјата, слободни кревети има

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 763 и има околу 350 празни болнички кревети, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 457 пациенти позитивни и суспектни на вирусот. Во Скопје тој број е 306, а во текот на последното деноноќие имало 24 нови приеми.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 72 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 78, во ковид-центарот во Гостивар 17, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 6, Кавадарци 50, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во ковид-центрите низ Скопје утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во текот на денот да се ослободат и дополнителни легла.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Маж нападна жена во Париз и застрела двајца полицајци откако е приведен во полициска станица

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Средба на началниците на генералштабовите на армиите на Норвешка и Северна Македонија