Утрински Весник
Свет

Нов Зеланд го укина карантинот во Окланд

Нов Зеланд го укина карантинот во Окланд
Screenshot

Нов Зеланд денес објави крај на карантинот во најголемиот град Окланд, а властите сметаат дека изворот на зараза е ограничен.

Pet Utrinski

Премиерката Џасинда Ардерн објави дека карантинот ќе биде укинат во недела, една недела по стапувањето на сила.

Screenshot

Мерката, која опфати околу 1,7 милион жители, беше донесена по еден случај на зараза од необјаснето потекло, но властите подоцна открија дека членовите на семејството на заразеното лице не ја почитуваат изолацијата и продолжиле да се гледаат со пријатели, кои исто така беа позитивни.

Потеклото на овој случај сега е познато, а епидемијата е ограничена на 15 случаи, така што жителите на Окланд можат повторно да излезат.

„Тој план е во согласност со нашата претпазлива стратегија“, изјави Арден пред новинарите.

Нов Зеланд, земја со пет милиони жители, има регистрирано само 26 смртни случаи од коронавирус.

Премиерката призна дека жителите на Окланд, кои биле во карантин од февруари, биле уморни, но ги замолила да ги следат правилата за спречување на секое ширење на вирусот.

Иако карантинот во Окланд завршува во недела, бројот на лица на собирите ќе биде ограничен на 100, а носењето маски е задолжително во јавниот превоз. Во остатокот од земјата, ограничувањата се минимални.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нетанјаху за налогот за апсење од МКС: Тоа е апсурдна одлука

Судењето против Трамп се ближи кон крајот

Путин назначи нов заменик министер за одбрана