Утрински Весник
Македонија

354 санкциии за возачи во Скопје

354 санкциии за возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 354 мерки, меѓу кои 43 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мерки за недавање на првенство на минување, 23 мерки за користење на мобилен телефон, 76 мерки за непрописно паркирани возила и 46 возила се подигнати од „пајак“ службата, а изречени се 30 санкции за неносење на заштитна маска.

Oд МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Новинарка побара одговор за цената на Дејвид Гета – Милошески: Дали ти изгледам како идиот?

Станот како дом или како капитал?

Утре Македонија под портокалова фаза поради високи температури