Утрински Весник
Свет

333 милиони деца живеат во екстремна сиромаштија, пандемијата го запре напредокот

333 милиони деца живеат во екстремна сиромаштија, пандемијата го запре напредокот

Пандемијата на Ковид-19 во голема мера ја забави борбата против сиромаштијата кај најмладите, а 333 милиони деца сè уште живеат во услови на екстремна сиромаштија, се вели во извештајот на УНИЦЕФ и Светската банка.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата на ОН предупредува дека секое шесто дете во светот живее со помалку од 2,15 долари на ден и наведува дека 30 милиони деца би излегле од сиромаштија да не била пандемијата.

„Тешките кризи како резултат на Ковид-19, војните, климатските промени и економските шокови го запреа напредокот и оставија милиони деца во екстремна сиромаштија. Свет во кој 333 милиони деца живеат во екстремна сиромаштија, лишени не само од најосновните потреби но и од достоинство, можности за живот и надеж, едноставно е неприфатливо“, рече генералниот директор на УНИЦЕФ Кетрин Расел.

Екстремната сиромаштија погодува дури 40 отсто од децата во субсахарска Африка. Иако другите области во светот забележаа пад на детската сиромаштија во последниве години, субсахарска Африка забележа голем пораст, првенствено поради галопирачкиот демографски раст, пандемиите и катастрофите предизвикани од климатските промени.

Луис Фелипе Лопез-Калва, директор за сиромаштија и еднаквост на Светска банка, рече дека овие деца не смеат да бидат напуштени.

„Ставањето крај на детската сиромаштија е политички избор“, рече Лопез-Калва.

Можете да прочитате

Аракчи: Уверен сум дека може да се постигне договор со САД за иранската нуклеарна програма

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41 по смртта на тинејџер во болница

Новата рунда трилатерални преговори со Русија и САД ќе се одржи на 4 и 5 февруари во Абу Даби